Врањеш: Македонија не е „лоша“, ама групата е поволна

Репрезентацијата на Македонија ги доби противниците за Европското првенство во 2022 година кое ќе се игра во Унгарија и Словачка. Сите селекции во групата А, Данска, Словенија и Црна Гора се добро познати противници.

Селекторот на репрезентацијата на Словенија, Љубомир Врањеш за словенечките медиуми ја анализираше групата и нагласи дека нема лесен противник.

„Во прелиминарната рунда ждрепката ни го донесе светскиот шампион и една од најдобрите репрезентации во светот, Данска. Ова го сметам за предност бидејќи уште на почетокот ќе видиме на кое ниво треба да бидеме. Данците неодамна загубија од Македонија во квалификациите што значи дека и тие не се лош тим. Не треба да се отпишуваат ниту Црногорците. Секој натпревар ќе биде тежок и дерби, но без оглед на се мислам дека добивме поволна група“, прокоментира Врањеш во изјавата за „СИОЛ“.

Европското првенство Македонија ќе го отвори токму против селекцијата на Словенија во групата која ќе се игра во Дебрецин, Унгарија.