Врањеш ги отвори картите пред ЕП – Словенија без Малус, Бомбач, Шоштариќ…

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, го објави скратениот список на ракометари што ќе бидат дел од Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Врањеш се одлучи за 21 ракометари, а ново кратење на списокот ќе има на стартот на новата година и веројатно на ЕП ќе патуваат 18 играчи.

На континенталниот собир нема да играат Јака Малус, Деан Бомбач, Марио Шоштариќ, Игор Жабиќ…

Подготовките на Словенија ќе стартуваат на 26 декември во Зрече, без играчите од Бундес лигата кои ќе се приклучат на 1 јануари.

Словенците ќе играат пријателски натпревар на 29 декемврии со Хрватска, додека на 5 и 7 јануари ќе тестираат со Италија.