Во 5 до 12 – откажан еден натпревар од Лигата на Европа!

Европската ракометна федерација oбјави дека е откажан дуелот меѓу Фуксе Берлин и Фиверс.

Австрискиот тим ја информирал ЕХФ дека откако еден играч покажал симптоми и бил вторпат тестиран, резултатот бил позитивен, па европската куќа на ракометот немаше друг избор освен да го откаже натпреварот.

Со оглед на тоа што според прописите на ЕХФ овој натпревар нема кога да се игра, тој ќе биде регистриран со резултат 10-0 за Фуксе Берлин.

Германскиот тим и без тоа ќе се пласираше во четвртфиналето по лесната победа на првиот меч со 35-27.