Во 19 дена ќе се борат за три титули – ги чекаат СЕДУМ тешки натпревари!

Ракометарите на Алборг ќе имаат тежок распоред во месец јуни, во кој ќе треба да одиграат дури седум меча.

За само 19 дена, данскиот тим ќе се бори на три фронта, за шампионската титула во Данска, за трофејот во Купот, како и за титулата во Лигата на шампионите.

На 2 и 8 јуни, Алборг го чекаат натпревари од финалната серија во данскиот шампионат, а доколку треба мајсторка што е за очекување, ќе се игра на 16 јуни.

На 12 и 13, данскиот тим ќе игра на Ф4 во „Ланксес Арена“ и таму сигурно го чекаат два натпревари. За крај на 19 и 20 јуни е завршниот турнир во Купот на Данска, каде Алборг е фаворит за место во финалето, а тоа значи уште два меча.

Досега во сезоната, Алборг веќе одигра 55 натпревари, но јуни ќе биде пеколен и ќе видиме колку Данците ќе бидат способни да го издржат овој ритам.