„Во јануари добив понуди од Вардар, Штутгарт и Динамо, но…“

Ракометарот кој со Вардар освои голем број на трофеи меѓу кои и две титули во Лигата на шампионите, Данил Шишкарев во оваа сезона ќе го носи дресот на Чеховски медведи, а со коментарите кои ги дава како да потврдува дека жали што во јануари не ја прифатил понудата од Вардар за да се врати меѓу „црвено-црните“.

Тој бил желба одново на Вардар, но имало и други тимови во комбинација за да дојде до трансфер.

„Пред да се преселам во Чеховски медведи во јануари имав понуди од Вардар и Штутгарт. Постоеше заинтересираност и од тимот на Динамо Букурешт. Овие предлози дојдоа после Светското првенство во Египет, но тогаш јас имав уште една година од договорот со Веспрем“, вели Шишкарев.

На крајот од сезоната Шишкарев се најде на списокот на играчи кои ќе го напуштат тимот на Веспрем, но тогаш Вардар веќе имаше договор со Ѓукиќ и не дојде до соработка.