Medals Ceremony, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Stockholm, 29.01.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Во Олстар тимот на СП најмногу Французи и Шпанци – МВП е Гидсел

Освен златните медали за првото место на СП 2023, данските играчи освоија уште три награди, од што две отиод во рацете на Матијас Гидсел и една кај Симон Питлик. Во Олстар тимот од седум најдобри играчи на турнирот има играчи од Данска, Шпанија, Германија, Франција и Шведска.

Гидсел е прогласен за МВП на СП и ја освои наградата за најдобар стрелец, со 60 гола. Неговиот соиграч Симон Питлик е најдобар лев бек.
Гидсел е само втор играч од Данска што е избран за МВП, по неговиот сонародник Микел Хансен кој претходно трипати беше избиран (2013, 2019 и 2021). Гидсел исто така беше МВП и на ЛОИ 2020 во Токио.

Французите го освоија сребрениот медал, а двајца ракометари се во иделаниот тим: Недим Ремили и Лудовик Фабрегас. Освојувачот на бронзата, Шпанија исто така има двајца играчи: Анхел Фернандез и Алекс Душебаев. Покрај четворката од Франција и Шпанија, и едниот ракометар од Данска, во иделаниот тим се уште и Никлас Екберг од Шведска и Андреас Волф од Германија.

Олстар тим на СП 2023

лево крило – Анхел Фернандез (Шпанија)
лев бек – Симон Питлик (Данска)
среден бек – Недим Ремили (Франција)
пивотмен – Лудовик Фабрегас (Франција)
десен бек – Алекс Душебаев (Шпанија)
десен бек – Никлас Екберг (Шведска)
голман – Андреас Волф (Германија)

најдобар млад играч – Јури Кнор (Германија)
најдобар стрелец – Матојан Гидсел (Данска) – 60 гола