Во Бенфика се штеди: Јотиќ, Тофт Хансен, Ѓорѓиќ ќе останат без Лига Европа?!

Како што се очекуваше, пандемијата предизвикана од коронавирусот во многу тимови донесе прилагодување на буџетите за наредната сезона. И покрај добрата финансиска ситуација во Бенфика, не е исклучено екипата да се откаже од настапот во европските натпреварувања.

Главна причина за можната ваква одлука е штедењето во клубот. Според весникот „О Жого“ Бенфика сè уште го нема потврдено своето место во новата Лигата на Европа иако има право на тоа. Исто така и во останатите спортови клубот не ги потврди настапите во Европа, а исклучок се футсал и хокеј на ролери каде што се главни фаворити за титулата европски шампиони.

каЛуѓето од управата на Бенфика и ги потврдија овие информации за штедење и можно откажување од европските натпреварувања, но нагласија дека одлуката не е конечно донесена.

Во сезоната што заврши, иако не беше еден од фаворитите во Купот на ЕХФ, екипата на Бенфика стана еден од фаворитите. Во групната фаза имаше четири победи на четири натпревари во конкуренција на Мелсунген, Силкеборг и Гвардиа Ополе.

Затоа малку е чудно размислувањето на раководството на португалскиот тим, кој за следната сезона ги ангажираше Ловро Јотиќ, Мамаду Кеита, Лазар Кукиќ…во ростерот ги има Петар Ѓорѓиќ, Рене Тофт Хансен…а за тренер беше донесен Чема Родригез.