Внук на шпанскиот крал ќе игра за Барса!

Пабло Урдангарин, син на поранешниот ракометар на Барселона, Инаки Урдангарин и на принцезата Кристина Федерика, потпиша со вториот тим на Барселона. 20-годишното лево крило и минатата сезона тренираше со Барселона Б, но сега тој е официјално играч на каталонскиот тим. Пабло е внук на кралот на Шпанија, Хуан Карлос и кралицата Софија.

Пабло започна да тренира ракомет во Луцеум од каде што замина во Есплугес во периодот додека живееше во главниот град на Каталонија. На само 17 години замина во Германија во младинскиот тим на Хановер.

Една година подоцна, во летото 2019 година Пабло потпиша за Нант, но корона кризата го прекина првенството. Следуваше враќање во Барселона каде што продолжи со своите студии.

Екипата на Барслеона Б во претстојната сезона ќе се натпреварува во втората по квалитет лига на Шпанија каде што се еден од најсилните состави и се борат за врвот на табелата но не можат да одат ранг погоре.

Инаки Урдангарин е поранешен играч на Барселона кој целата своја кариера ја помина во каталонскиот тим, а играше се до 2000 година кога стави крај на својата кариера во клубот каде што започна.