Влезниците за Еурофарм Пелистер – Ним пуштени во продажба

Во вторник од 20:45 часот екипата на Еурофарм Пелистер го игра првиот натпревар сезонава во Лигата на Европа, а противник е екипата на Ним од Франција.

На оваа средба на ракометарите на Еурофарм Пелистер е да се обидат да го покажат најдоброто на теренот и да извлечат максимум на теренот. Овој пат ќе има и публика на трибините, а веќе е познато дека е дозволен 50 проценти од капацитетот на салата.

Затоа веќе се пуштени во продажба влезниците за овој дуел. Истите се со цена од 250 денари, кои можат да се набават во Тобако продавниците во Битола или на www.kartieurofarm.mk, како и на билетарницата на салата „Боро Чурлевски“ на денот на натпреварот.

Во салата ќе можат да присуствуваат вљубениците во ракометот кои поседуваат: вакцинален сертификат или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин.