Влегоа во Супер лига, но од Федерацијата не добија ниту медали ниту пехар

Екипата на Трабзон успеа да го освои првото место во Првата машка лига на Турција и да се пласира во Супер лигата, но немаше признание од страна на Ракометната федерација.

Откако не им беа доделени ниту пехар ниту медали за остварениот успех, раководството на клубот одлучи да купи медали и пехар за да може да се прослави напредувањето во највисокиот ранг од натпрварувањето.

Слична ситуација е и кај дамите. Кастамону стана шампион на Турција, но немаше трофеи.

Оправдувањето е во пандемијата и лошата ситуација. Од Ракометната федерација велат дека поради пандемијата со Ковид 19 признанијата ќе бидат доделени дополнително. Инаку, и од Катамону сами се прогласија за шампиони, но за разлика од Трабзон тие немаат медали на шампионската фотографија.