Вицке со гол во последната секунда донесе триумф за Германија над Франција

Репрезентациите на Германија и Франција одиграа квалитетен тест натпревар пред патувањето за Европското првенство во арената на Вецлар кој со гол на истекот на времето Германците славеа 35:34.

Во првиот дел Франција имаше подобро издание, гостите го контролираа резултатот и постојно беа во водство. На голот на репрезентацијата на Франција бранеше Венсан Жерар, а во тимот беше и Никола Карабатиќ.

Уго Деска погоди од седмерец на истекот на првото полувреме за конечни на паузата 18:14, на што претходеше и исклучување на Патрик Винцек. На стартот на вториот дел Франција имаше и пет предност но и тоа не беше доволно за триумф.

Германците со одлична игра во вториот дел направија пресврт и го преземаа водството и одржуваа два позитива. Ричардсон израмни во 56. минута на 32:32 и го внесе натпреварот во неизвесна завршница, сепак Лука Вицке погоди на истекот на времето за триумф на Германија во последниот контролен меч пред Европското првенство.