Висла Плоцк подобра за гол од Спортинг, Чеховски сигурно во четврт-финалето

Екипата на Спортинг славеше на реванш дуелот против Висла Плоцк на гостински терен со 28:25, но и покрај тоа не успеа да обезбеди пласман во четврт-финалето. Со вкупен резултат од 54:53 и пред сè благодарение на победата во првиот натпревар Висла Плоцк оди понатаму.

Спортинг одигра добар натпревар, многу рано успeа да ја анулира негативата од четири гола и по 16 минути игра имаше 10:5. До крај на првиот дел Полјаците не дозволија противникот да избега на нестотижна предност и намалија на 12:14 што беше резултат на одморот.

На почетокот на вториот дел Спортинг повторно имаше резултат кој го води во четврт-финалето, но домаќините усепаја да намалат и да издржат до крај и да бидат подобри за само еден гол кој ги однесе во следната рунда. Сита со седум гола и Крајевски со шест беа најефикасни за домашниот тим, а во тимот на Спортинг најдобри беа Шонгарт и Бинго со по шест гола.

Ракометарите на Чеховски Медведи обезбедија пласман во четврт-финалето од Лигата на Европа после нерешените 24:24 на реванш натпреварот против Ним. Предноста од  пет гола (30:25) од првиот натпревар беше сосема доволна за рускиот тим да обезбеди пласман понатаму.

Натпреварот беше многу израмнет, Чеховски медведи имаа водство во поголемиот дел, но тоа беше минимално. На полувреме беше 11:12, а до крај на дуелот не му довзолија на составот на Ним да ја загрози нивната предност и заслужено одат во четврт-финале.

Најефикасен во составот на Чеховски Медведи беше Косоротов со седум гола, а шест постигна Котов. Додека во екипата на Ним, Тесио со четири погодоци беше прв стрелец.