Висла Плоцк без лидерот на Ф4

Средниот бек од Шпанија во редовите на Висла Плоцк, Нико Миндегиа, по завршувањето на натпреварот меѓу неговиот тим и Келце, кој беше одлучувачки за шампионската титула во Полска, доби лоши вести.

Искусниот ракометар кој е важна алка во составот на Хавиер Сабате во дуелот против Келце заработи тешка повреда кон средината на второто полувреме. По направените лекарски прегледи, било утврдено дека страдале предните вкрстени лигаменти на коленото.

Миндегиа го очекува пауза од ракометните терени од најмалку шест месеци. Тоа значи дека Висла Плоцк на Ф4 турнирот во Лига на Европа кој ќе се одржува во периодот од 28 до 29 мај во Лисабон, ќе мора да игра без еден од најдобрите играчи.

Веднаш по завршувањето на големото дерби против Келце, на кој беа доделени медалите за прво и второ место, Миндегиа беше прогласен за најдобар среден бек во полскиот шампионат за оваа сезона.