Виктор Гигов и ПАОК редат победи, подготвени за плеј-офот во Грција

Екипата на ПАОК на свој терен беше подобра од Зафеиракис со резултат 30:25 во рамките од 10. коло од Б групата во првенството на Грција.

Важен играч во тимот на ПАОК беше интернационалецот од Македонија, Виктор Гигов кој и на овој натпревар се покажа во солидно светло и им помогна на своите колеги да дојдат до нова победа.

На табелата во Б групата, ПАОК останува без пораз и се наоѓа на првото место со 19 поени пред второпласираната екипа на Драма која има 15 бодови, но и две загубени средби.

Следен предизвик за Гигов и неговиот тим е екипата на Фијакас Корфу. Со добрата форма се очекува ПАОК да нема проблеми на овој натпревар кој ќе биде еден вид на загревање пред почетокот на плеј-оф натпреварите за разигрувањето за шампионската титула.