Веќе се ‘нудат’ наследници: „Јас сум иделно решение за клупата на Хрватска!“

Нешто слично како и во минатото пред назначувањето на Лино Червар за селектор, Хрватска мака мачи со изнаоѓање на вистинскиот човек кој не само што ќе седне на хрватското селекторско столче, туку и ќе го врати хрватскиот ракомет тамо каде што припаѓа, а тоа е во самиот врв.

Деветтото место на Мундијалот секако не е посакуваниот пласман за љубителите на ракометот во оваа земја, а прв кој треба да сноси одговарност е актуелниот селектор. Се чини, одброени се деновите на Хрвоје Хорват на таа позиција, а еден од наследниците кој има најголеми шанси да седне на жешкото столче според хрватскиот Јутарњи Лист е хрватската ракометна легенда Горан Перковац.

Перковац е капитен на златната Олимписка генерација од Атланта 1996 година, и креатор на првиот златен олимписки медал за Хрватска.

Да јас сум тој, веќе долго време го посакувам тоа, имам срце како планина, и би сакал во нашиот ракомет да го вложам целокупното свое ракометно знаење и искуство. Во тој проект би го вложил својот ентузијазам, желба и работна етика, се надевам дека ќе добијам шанса. Се надевам на тоа секако доколку ХРС не го задржи Хорват и не најде друг кандидат за оваа позиција. Знам само дека би се дал цел во оваа работа, исто како кога бев ракометар, и сите овие години како тренер. Сигурен сум дека би бил идеaлно решение.

По завршувањето на последиот дуел со Бахреин преку изјава за јавноста се огласи и хрватскиот ракометен сојуз во која се вели дека не се задоволни со пласманот на Мундијалот, и дека конечната одлука за судбината на актуелниот селектор и тоа што ќе се случува понатаму треба да ја донесе координаторот на репрезентацијата, Лино Червар.