Вечната листа на стрелци на ЕП доби нов член во Топ 5

Репрезентативецот на Хрватска и поранешен член на Вардар, Иван Чупиќ од вчера е нов член на Топ 5 на вечната листа на стрелци на Европските првенства.

Чупиќ успеа да стигне до 191 погодок со што го помина Данецот Ларс Кристијансен кој има 187 гола, но веќе е пензиониран.

Пред Чупиќ сега најблизу е Штефан Ловгрен кој има 204 погодоци, но веројатно на репрезентативецот на Хрватска ќе му треба уште едно првенство со оглед на тоа што Хрватска веројатно утре ќе го заврши овој шампионат и десното крило на Хрватите нема да има можност за ново напредување на листата.

На вечната листа прв е Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон со 288 гола, но веќе го стигаат Карабатиќ и Хансен. И двајцата ќе имаат уште средби на ова првенство така што може да дојде до смена на врвот.

Карабатиќ досега има 275 гола, додека Хансен има 252 погодоци на шампионатите на Европа.