Веспрем испушти триумф над Магдебург, но остана непоразен во ЛШ

Тимот на Веспрем ја продолжи серијата  без пораз во Лигата на шампионите, откако на домашен терен ремизираше со бундеслигашот Магдебург, 35-35. Гостите беа уморни по дуелите на Супер Глоуб, но пружија силен отпор против унгарскиот тим и го одбранија последниот напад на Веспрем.

Магнусон на два пати стрелаше за 2-0 за Магдебург. Веспрем имаше комотна предност од 10-7, но голманот на бундеслигашот, Никола Портнер влезе во серија и фати неколку удари по ред. Неговиот тим се врати во игра и направи комплетен пресврт.

Водеше Магебург со 15-12, Момир Илиќ мораше да бара тајм-аут, а Цупара влезе на местото на Цупара. Нилсон, Лауге и Сипос набрзина го вратија мечот во егал, 15-15, а до крајот на полувремето имаше уште по еден погодок на двете страни.

Дури 18 погодоци, по девет на двете страни беа постигнати до 41 минута за 25-25. Во продолжение Јенсен згреши на два пати, па Цупара фати две топки и Веспрем беше одново на највисоки плус три, 28-25.

Вигерт мораше да бара минута одмор, па полека неговите избраници се вратија во игра, 30-30 беше на десет минути до крајот на мечот. Со реми, 34-34 се влезе во последната минута, но Нилсон даде гол за 35-34.

Магдебург тргна во напад, Лауге доби исклучување, реагираше кон судиите па доби уште едно и на крај црвен картон, па мораше на трибини. Бундеслигашот лесно го најде патот до мрежата на Цупара и беше 35-35.

Останаа трисетина секунди за Веспрем, домашните по тај-ауатот на Илиќ тргнаа во напад, но не успеаја да погодат и на крајот се задоволија само со бод. Најдобри стрелци во Веспрем беа Лауге со осум и Јахија со шест гола, а кај Магдебург се истакна Магнусон со осум погодоци, додека голманот Портнер имаше 17 одбрани.