Велковски: Со ваква одбрана на гости не се победува

Еурофарм Пелистер загуби третпат во Лигата на Европа. По поразите од ГОГ Гудме и Рајн Некар, битолчани беа поразени во Љубљана кај Тримо Требње со 28-24.

Десниот бек Мартин Велковски одигра солиден натпревар, но вели дека лошата одбрана на неговиот тим и одличниот домашен голман се причината за поразот.

„Заслужена победа на Тримо Требње, им честитам на победата, се боревме двете екипи, ангажманот беше на ниво на двете страни. Ние пробавме и шест на шест, и седум на шест, создадовме добри прилики, но нивниот голман имаше одлична вечер и собра најмалку 15 одбрани. Покрај тоа што им ја скративме контрата на домашните, сепак одбраната не беше на ниво и примивме дури 28 голови, што е премногу ако сакаме да победуваме на гости“, вели Велковски.

Возвратниот натпревар меѓу двете екипи се игра во Битола на 8 декември од 20:45 часот.

Еурофарм Пелистер се враќа со пораз и од Словенија

Бабиќ: За следниот натпревар мора да променам нешто