Бабиќ: За следниот натпревар мора да променам нешто

Еурофарм Пелистер загуби третпат во Лигата на Европа. По поразите од ГОГ Гудме и Рајн Некар, битолчани беа поразени во Љубљана кај Тримо Требње со 28-24.

Тренерот Жељко Бабиќ вели дека за следниот натпревар во Битола ќе мора да промени нешто во играта и во ростерот.

„Честитки до Тримо. Тие ја заслужија победата. Во првиот дел промашивме многу зицери, беше многу лошо за нас. Тешко е да се игра во Европа ако правиш толку грешки. Бевме под притисок и јас морам да направам нешто, морам да променам нешто за следниот натпревар што се игра за една недела“, вели Бабиќ.

Возвратниот натпревар меѓу двете екипи се игра во Битола на 8 декември од 20:45 часот.

Еурофарм Пелистер се враќа со пораз и од Словенија

Велковски: Со ваква одбрана на гости не се победува