Вегар: Штета што сега доаѓа пауза, таман се вративме на позитивен пат

Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа во Лигата на Европа во новата сезона, откако славеше над словенечкиот Тримо Требње со 33-26.

Левиот бек Марин Вегар вели дека е штета што сега доаѓа пауза, бидејќи тимот се врати на позитивен пат.

„Имавме притисок, но моравме да победиме. Само на тоа одевме. Им честитам на ракометарите на Тримо Требње за одличниот натпревар, многу се незгодни, ниски се и постојано во ритам на натпреварот. Меѓутоа, ние заслужено победивме и сега се вративме на позитивен пат. Штета само што баш сега ни доаѓа пауза. Честитки и за нашата екипа, имаше борба и желба цел натпревар и не можеше да заврши поинаку”, изјави Вегар.

Од официјалните натпревари, на Еурофарм Пелистер му остана уште средбата со унгарската Татабања, која многу веројатно ќе се игра во 2021 година.