Вегар: Ни останува на реваншот да ја анулираме негативата – друга опција нема!

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Нексе Нашице со 23-20 и нема да има лесна задача да ја анулира негативата на реванш натпреварот од осминафиналето на регионалната СЕХА лига.

Левиот бек Марин Вегар вели дека очекувале натпревар со малку голови.

„Убаво ми е секогаш кога се враќам во Нашице. Очекувавме ваков натпревар и знаевме дека ќе има многу борба, како и мал број на голови. Нексе успеа да слави со три гола разлика, а нам ни останува ништо друго, туку да се подготвиме за реваншот и да ја анулираме негативата“, изјави Вегар.

Реваншот од осминафиналето меѓу македонскиот и хрватскиот вицепрвак ќе биде на програмата на 12 февруари со почеток во 20:15 часот во спортската сала “Боро Чурлевски”.