Вардар „тежи“ 13, Кометал ЃП недостижен со 16 Куп трофеи

Денеска се играат финалните натпревари на завршните турнири во машка и женска конкуренција во Купот на Македонија

Од 1993 година па наваму, се имаат одиграно 28 изданија на Купот, а со оглед на тоа што лани ова натпреварување не се одигра до самиот крај, биле доделени 27 трофеи во двете конкуренции.

Кај мажите, најтрофеен клуб е Вардар со 13, а потоа следуваат Металург со шест и Еурофарм Пелистер со пет трофеи. Во елитното друштво се имаат запишано и тимовите на Борец, Куманово и ТК Бренд.

Денешното финале ќе даде прашање дали Вардар ќе стигне до 14 трофеј, или битолчани по 16 години пауза ќе освојат некој трофеј.

Кај жените, најтрофеен и тешко достижен е Кометал Ѓорче Петров, со 16 трофеи во Купот, Вардар има шест, Металург четири, додека Куманово само една, а во денешното финале може да ја одбрани во дуел со „црвено-црните“.

Женското финале се игра од 14:30 часот, додека машкото е на програмата од 17:30 часот.

Куп на Македонија, мажи

Вардар – 13 (1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018)
Металург – 6 (2006, 2009, 2010, 2011, 2013, 2019)
Еурофарм  Пелистер – 5 (1995, 1996, 1998, 1999, 2005)
Борец – 1 (1994)
Куманово – 1 (1993)
ТК Бренд – 1 (2002)

Куп на Македонија, жени

Кометал ЃП – 16 (1993, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009)
Вардар – 6 (1994, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018)
Металург – 4 (2010, 2011, 2012, 2013)
Куманово – 1 (2019)