Вардар останува без еден од голманите

Македонскиот шампиион Вардар во продолжение од сезоната нема да смета на услугите на еден од голманите. Во моментов во тимот има четири голмани, од кои еден е интернационалец – Али Сафар од Кувајт.

Тој се враќа во татковината и ќе ги брани боите на Кувајт Спорт, тимот од каде што дојде во Македонија. Сафар заминува од Вардар поради малата минутажа. За место во тимот не можеше да се избори во конкуренција на Борко Ристовски, Мартин Томовски и Васил Гогов.

На домашна сцена во Суперлигата, не настапуваше поради лимитот за странски ракометари, додека во Лигата на шампионите беше во ростерот на четири натпревари.

Покрај тоа во финишот на есенскиот дел заработи и повреда, па паузираше од тренинзите. Вардар и тренерот Давид Дејвис до крајот на сезоната ќе се потпрат на услугите на македонското трио во сите конкуренции.