СЕХА по третпат сезонава го казни шампионот Вардар! (ФОТО)

Откако два пати беше казнет по 1 коло и по 6 коло, шампионот Вардар е казнет по трет пат во регуларниот дел на СЕХА лигата.

Овој пат „црвено-црните“ добија две казни во вкупен износ од 500 евра. Иако казните се стари, медиа тимот на СЕХА ги објави дури денеска.

Станува збор за натпреварот од 10 коло во регуларниот дел против Нексе Нашице, кога Вардар играше со вториот тим.

Првата казна е во износ од 100 евра, поради тоа што вардарци не користеле шишиња за вода од оние што се официјални на СЕХА.

Втората казна е во износ од 400 евра, поради тоа што двајата играчи на Вардар – Стефан Атанасовски и Ѓорѓи Дука, под шорцевите носеле други шорцеви со различна боја.

Вардар го очекува двомечот од четвртфиналето на СЕХА токму против истиот ривал на 8 март во Нашице и на 15 март во Скопје.