Вардар му се одмазди на Еурофарм Пелистер 2 за единствениот суперлигашки пораз

Македонскиот шампион Вардар му се одмазди на Еурофарм Пелистер 2 за единствениот пораз во Суперлигата. Вардарци на домашен терен беа подобри од битолчани со убедливи 32-20.

Победникот беше најавен уште во првиот дел. По 4-3, тргна серија на домаќините од пет гола по ред преку Дибиров, Тото и Њокас за сигурна предност од шест гола, 9-3. Битолчани намалија на 10-6, но потоа уште една вардарова серија и веќе беше 13-6.

Тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ пробуваше со неколку измени во тимот да го наруши ритамот на Вардар, но не успеа и до крајот на полувреме разликата се искачи на осум, 19-11.

Второто полувреме беше само формалност и немаше многу возбудувања на теренот. Шанса за настап добија играчите со помала минутажа од двете екипи, но тоа немаше големо влијание на резултатот.

На крајот убедлива победа на “црвено-црните” со која беше најавено гостувањето кај Монпелје в среда во рамките на Лигата на шампионите и она против Нексе в петок во рамките на СЕХА лигата.

Најдобри стрелци кај победникот беа Тимур Дибиров со седум гола, како и Оливие Њокас и Куни Моралес кои дадоа по четири гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 се истакнаа Павле Петровиќ и Филип Арсеновски со по четири погодоци.

12 февруари 2022
32 - 20
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
12 февруари 2022 18:22 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 12.02.2022 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611932Победа
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21120Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман01
5Стојанче Стоиловпивот02
6Оливие Њокаслев бек14
7Патрик Валчакпивот02
8Јоел Куни Моралесдесен бек04
9Гоце Георгиевскидесно крило00
11Мартин Карапалевскицентрален бек01
12Мартин Томовскиголман00
21Давид Савревскидесен бек01
22Жереми Тотопивот12
28Филип Талескилев бек03
31Тимур Дибировлево крило07
33Стефан Крстевскицентрален бек00
45Дарко Ѓукиќдесно крило02
55Стефан Атанасовскипивот00
77Ален Ќосевскидесно крило03
 Вкупно 232

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
7Андре Буторацдесен бек03
8Павле Атанасијевиќцентрален бек02
9Васко Димитровскипивот00
10Христијан Митревскидесен бек01
11Симон Мирчевски-00
13Павле Петровиќдесен бек14
16Благојче Трајкоскиголман00
23Стефан Талевскицентрален бек01
33Петар Атанасијевиќлево крило02
34Емилијан Ѓорговскилев бек01
44Ненад Белистојановски-00
66Милан Ѓукиќдесно крило01
88Димитриј Блажевскидесен бек01
99Филип Арсеновскипивот14
 Вкупно 220

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
НИКОЛОВСКИ АЦО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515