Вардар им посака добредојде на новите голмани! (ФОТО)

Тимот на Вардар во новата сезона ќе има на располагање четворица чувари на мрежата.

Нови голмани во македонскиот тим се Мартин Томовски, кој се враќа во тактовината од бундеслигашот Лудвигсхафен и Али Сафар, кој доаѓа од Кувајт.

Од ланската сезона остана Борко Ристовски, а од Работнички се враќа и младиот Васил Гогов.

Египетскиот репрезентативен голман Мохамед Ел Тајер, нема да дојде во Скопје, барем не оваа сезона.