Вардар или ППД Загреб – Еден од вечните во СЕХА првпат нема да игра на Ф4

Екипите на Вардар и ППД Загреб најверојатно ќе се соочат во четврт-финалето од СЕХА лигата бидејќи веќе е повеќе од сигурно дека Вардар ќе ја совлада Металопласитка и сигурно ќе игра во следната фаза од регионалното натпреварување.

Ова значи дека еден од тимовите кои редовно беа на Ф4 завршниците од нивниот почеток односно имаат девет учества нема да може да има јубилеен десетти настап.

Досега овие два тима обично се среќаваа на завршните турнири, но сега ќе мораат да влезат во елиминација и да останат без завршница. Тоа значи дека првпат во историјата Ф4 турнирот во СЕХА ќе остане без еден од вечните ривали.

Или ППД Загреб или Вардар нема да биде на турнирот на кој ќе се решава прашањето за титулата односно прашањето кој ќе биде десеттиот првак.

Досега Вардар има пет трофеи, Веспрем три, а ППД Загреб еден трофеј.