Вардар знае да победува во Данска, двапати се враќал дома со триумф

Ракометарите на Вардар можат да се пофалат со две победи од четири натпревари кои биле одиграни на гостувањата во Данска.

Досега двапати гостувал кај Копенхаген и двапати победувал. Првпат тоа се случи во 2004 година во 1/8 финалето од КПК, а вториот пат во истото натпреварување седум години подоцна, но во 1/16-финалето.

Поразите се во Лигата на шампионите против Киф Колдинг.

Денеска следува петтото гостување кај вицешампионот од минатата сезона во Лигата на шампионите, Алборг. Пред неполн месец против истиот ривал во Скопје Вардар обезбеди триумф од 30:28.

ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ ПРОТИВ ЕКИПИ ОД ДАНСКА

КПК – 1/8 ФИНАЛЕ

4 ДЕКЕМВРИ 2004

ФЦК КОПЕНХАГЕН – ВАРДАР    28:29

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

20 ФЕВРУАРИ 2010

КИФ КОЛДИНГ – ВАРДАР           28:21

КПК – 1/16 ФИНАЛЕ

26 ФЕВРУАРИ 2011

ФИФ КОПЕНХАГЕН – ВАРДАР    23:27

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПНА ФАЗА

18 ОКТОМВРИ 2015

КИФ КОЛДИНГ – ВАРДАР           33:31

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПНА ФАЗА

20 ОКТОМВРИ 2021

АЛБОРГ – ВАРДАР         ?