Вардар до врв го наполни голот на Спартак

Ракометарките на Вардар со убедлива победа над Спартак со 48-17 ја завршија полусезоната во Женската лига.

Нерешено беше само на стартот, 2-2, а потоа се беше во знакот на вардарки, кои до паузата стигнаа до предност од девет гола, 21-12.

Во вториот дел кој беше формалност, избраничките на Александар Царчев уште повеќе „нагазија“ и немаа милост за противникот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Сара Миновска со десет и Бојана Диневска со осум гола, додека кај Спартак, Јана Ѓошевска даде седум погодоци.

Вардар ќе игра напролет во плеј-офот, додека Спартак се сели во плеј-аутот.