Вардар го среди Пролет, уште еден чекор до титула

Ракометарите на Вардар славеа на гостувањето кај составот на Пролет потешко од очекувањата. Отпорот на жилавиот домаќин беше скршен во вториот дел, а по овој триумф со 22-28, вардарци ги дели само една победа од титула во Суперлигата.

Пролет со головите на Пејовиќ и Димов поведе со 2-0, но вардарци набрзина направија пресврт, 2-3. Потоа се играше гол за гол, пред “црвено-црните” да се одлепат на плус три, 7-10.

До крајот на полувремето гостите рутински ја одржаа таа разлика и на пауза се замина со резултат 11-14.

Во второто полувреме, Пролет го засили отпорот, имаше неколку шанси и да израмни. Беше 15-16, 17-18, 19-20, но домашните не реализираа, па Чупиќ казни во следниот напад. Погодија Јотиќ и Валчак, па веќе беше 19-22.

На десетина минути до крајот беше 20-25 и јасно беше каков финиш ќе има овој натпревар. За Вардар останува уште средбата со Металург, на која доколку слават, ќе ја освојат титулата, а Пролет за потврда на третото место треба да слави на гости кај Прилеп.

31 мај 2021
22 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
31 мај 2021 20:22 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 31.05.2021 60'

Место

УС „Македонско Сонце“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРОЛЕТ1122Пораз
ВАРДАР 19611428Победа

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Филип Василевскипивот01
4Михаил Аларовпивот35
7Кристијан Давитковскидесен бек00
8Дејан Пецаковскилев бек24
10Стефан Доневпивот00
11Виктор Додевскидесно крило00
13Мартин Димовдесно крило03
15Ласко Андоновскицентрален бек01
19Доне Мајновдесен бек10
20Виктор Дамчевскилево крило00
24Јован Фичорскицентрален бек00
26Петар Ангеловголман00
33Јане Цветковскиголман00
55Никола Потиќдесен бек03
71Давор Палевскилево крило03
99Жарко Пејовиќцентрален бек12
 Вкупно 722

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
2Васко Шеваљевиќлев бек00
3Патрик Валчакпивот03
4Томислав Јагуриновскидесен бек00
5Стојанче Стоиловпивот12
8Димитар Димитриоскилево крило00
9Гоце Георгиевскидесно крило07
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
15Кристијан Дисингерлев бек02
18Ловро Јотиќцентрален бек03
21Глеб Каларашпивот10
27Иван Чупиќдесно крило08
28Филип Талескилев бек00
31Тимур Дибировлево крило03
44Јосип Векиќдесен бек00
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 228

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
ЦВЕТКОСКИ ИЛИЈА

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515