Вардар блиску до двобој со Веспрем или Кил

До крајот на групната фаза од Лигата на шампионите останува да се одиграат уште седум натпревари, од кои три во групата А и четири во групата Б.

За вардарци последен ќе биде натпреварот со белорускиот првак Мешков Брест, за кој овој дуел не менува ништо на табелата. Но „црвено-црните“ со триумф над Мешков имаат шанса да го минат Порто на табелата.

Португалскиот тим игра дома како гостин против Елверум и доколку слави ќе остане на шестото место, а Вардар ќе биде седми. Тоа значи дека македонскиот тим ќе се соочи со унгарскиот гигант Веспрем во осминафиналето.

Ако Порто загуби, а Вардар победи, „црвено-црните“ ќе бидат шесто место и најверојатно ќе играат со Кил. Германците со триумф над хрватскиот Загреб треба да го потврдат третото место во групата Б.

Иако опции остануваат и Алборг и Мотор, овие две екипи имаат послаб меѓусебен скор со Кил, треба да се случи чудо на дуелите во Барса или Кил, па „зебрите“ да паднат на четвртото или петтото место.

Лига на шампиони, 14 коло:

ПСЖ – ПИК Сегед 10-0
Вардар Мешков Брест
Елверум – Порто
Келце Фленсбург
Кил – Загреб 
Веспрем – Нант
Барселона – Мотор Запорожје
Алборг – Целје

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140
ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140