Вардар без голманот против Металопластика, Ристовски направи операција

Тимот на Вардар денеска го очекува првата средба од осминафиналето на СЕХА лигата против српскиот тим Металопластика.

Составот на „црвено-црните“ ќе биде без Борко Ристовски. Голманот вчера направи операција на коленото, која мина во најдобар ред.

Чуварот на мрежата на Вардар би требало да биде подготвен за стартот на подготовките за новата сезона.

Голманскиот квартет во „црвено-црниот“ тим ќе го сочинуваат Ристовски, Томовски, Сафар и Гогов.