Вардар без Анте Гаџа до крајот на сезоната!

Оваа сезона е завршен за Анте Гаџа. Членот на Вардар и на хрватската репрезентација ќе паузира еден месец и на терените ќе се врати на лето.

Тој незгодно падна и ја повреди раката на дуелот меѓу Хрватска и Словачка од ЕХФ Евро Купот, а вчера беше направена операција, по која следува кратка пауза.

Средниот бек беше повикан во националниот тим на „коцкестите“ откако се повреди Лука Циндриќ и успешно одговори на барањата на селекторот Хрвоје Хорват.

Гаџа играше во одлична форма во пролетниот дел од сезоната, но стратегот Стевче Алушовски ќе мора да комбинира со Ловро Јотиќ и Мартин Карапалевски во последните натпревари од Суперлигата и од Купот на Македонија на средната бековска позиција.