Вардарки го наполнија голот на Шампион

Ракометарките на Вардар по поразот од Чаир во претходното коло, денес пред својата публика забележаа убедлив триумф над Шампион, со резултат 43:18, во натпревар од 13. коло од Женската лига.

Триумфот на избраничките на Александар Царчев беше обезбеден уште по првиот дел, кога водеа со 14 гола разлика, 22:8.

Домаќинките во вториот дел не се опуштија во ниту еден момент, продолжија со исто темпо и мрежата на Шампион ја наполнија до врв.

Најефикасна во победничката екипа беше Бојана Коцева со седум погодоци. Кај Шамион отскокнаа Анастасија Митова и Михаела Кралева со четири гола во мрежата на домашниот тим.