Валтер: Натпреварот против Фуксе Берлин е шанса да покажеме што знаеме!

Македонскиот претставник во групната фаза од Лига на Европа, Еурофарм Пелистер утре ќе гостува во Германија кај Фуксе Берлин во натпревар од 9. коло.

Бундеслигашот е голем фаворит против избраниците на Ларс Валтер, кои во претходното коло одиграа нерешено против Агуаш Санташ.

Тренерот Ларс Валтер истакна дека во дуелот против Фуксе Берлин шанса ќе имаат и ракометарите со помала минутажа.

,,Патуваме во Берлин со цел да продолжиме да се подобруваме, да ги имплементираме новите и задравените ракиметари во нашиот систем. Суси се враќа во екипата, но превентивно нема да настапат Хенеберг и Ојлески. Овој натпревар против врвна екипа е шанса да покажеме што работиме овој период. Шанса ќе добијат и ракометари кои играа помалку во овој период. Се надевам дека ќе ја подобриме и нашата игра „шест на пет“, бидејќи имаме многу лош учинок со ракометар повеќе. Фуксе Берлин е врвна екипа и не треба да се трошат зборови. Се работи за еден од фаворитите во натпреварувањето”, изјави Валтер.

Натпреварот меѓу Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер ќе се одигра утре, со почеток од 20:45 часот.

Костески: Сигурен сум дека ќе дадеме максимум против Фуксе Берлин