Валтер: Имаме многу проблеми, но во Битола се е можно!

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер продолжува со натпреварите во Лигата на Европа, а следен предизвик е бундеслигашот Фуксе Берлин.

Тренерот Ларс Валтер, вели дека има големи проблеми со составот и не се знае кој ќе настапи, но дека се е можно да се случи во битолската сала.

„Имаме многу проблеми во овој момент. Суси само што се оперираше, Руди чека на операција и дава 200% од себе. Чувствува болка, но уште игра. Хосни е надвор од тимот, Костески против Радовиш не настапи, Себастијан Хенеберг е пак со нас по една недела болест. Не знам колку од овие момци ќе играат во вторник. Ни треба поддршка, затоа што ќе биде тешко. Ќе дадеме што имаме и верувам дека со помошта на луѓето во Битола ќе бидеме достојнi. Ќе биде многу тешко, Фуксе Берлин е број еден во Бундеслигата, брз тим се. Играа во неделата и можеби нема да бидат во полна сила. Два дена по нашиот натпревар имаат натпревар со Рајн Некар Левен. Можеби тука е нашата шанса. Можеби 10% ќе бидат послаби, ќе бидат уморни, ќе мислат на следниот натпревар. Ние треба да го дадеме најдоброто од нас, да одиграме шеесет минути и ако го направиме тоа – можеби ќе извлечеме нешто. Во оваа сала сè е можно!“, изјави Валтер.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.

Пешевски: Фуксе е тим со многу ѕвезди, ќе ни треба голема поддршка од навивачите и среќен ден

Лемго, Еурофарм Пелистер, па Рајн Некар Левен – три меча за шест дена!