Бутел Скопје се раздели со двајца играчи

Екипата на Бутел Скопје која во пролетниот дел од сезоната ќе се натпреварува во плеј-офот од Супер машката лига пред стартот на подготовките се збогуваше со двајца ракометари.

Дојде до разделба со бековите Сергеј Сулима и Ратко Димовски така што тие веќе не се членови на суперлигашот од Скопје.

Искусниот Димовски, кој играше на позицијата среден и десен бек, главно беше користен во играта во одбрана. Тој после завршувањето на соработката со Бутел Скопје ја заврши својата играчка кариера.

Што се однесува до интернационалецот од Украина, Сулима, со него договорот е спогодбено раскинат. Инаку, договорот му траеше до крајот на оваа сезона.

Во плановите на Бутел Скопје има засилување на тимот за пролетната полусезона, а  очекувањата се имињата на новите играчи да бидат соопштени во текот на следните неколку дена.