Реванш дуелот меѓу Бутел и Алпла Хард ќе се игра во Скопје

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беа извлечени двојките за второто квалификациско коло од машката Лига на Европа, како и двојките за второто коло од машкиот Европски Куп.

Бутел Скопје во второто квалификациско коло во Лига на Европа за противник ја доби екипата на Алпла Хард, која во првото квалификациско коло го елиминираше вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Избраниците на Кристијан Грчевски првиот дуел со Алпла Хард ќе го одиграат на 27 септември во Австрија, додека реванш натпреварот ќе се игра во Скопje на 4 октомври. Победникот од овој дуел ќе обезбеди место во групната фаза во Лига на Европа. Дополнително треба да се одредат саатниците за двата дуели.

Во групната фаза во второто по ранг квалитетно европско натпреварување директно место има обезбедено македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер. Натпреварите од групите ќе стартуваат на 25 октомври.

Бутел може да ги одмазди битолчани – против Алпла Хард за место во групите на Лига на Европа!