Бурата во Полска не стивнува – Висла ќе бара нов датум за „светата војна“

Бурата во Полска поради одлуката на комесарот за промена на датумот на одигрувањето на „светата војна“ скоро и да не стивна, а веќе во најава е нова. Според информациите на „СПОРТ ТВП“ Висла Плоцк ќе бара одложување на дербито откако беше донесен новиот датум.

Ќе потсетиме во текот на минатата недела беше донесена одлука натпреварот помеѓу Висла и Келце кој може да го одлучи шампионот во првенството да се премести за на 24. мај. Причината за првото одложување беше барањето на Келце затоа што претходниот датум беше помеѓу нивните натпревари во Лигата на шампионите против Монпелје (12. и 18. мај).

Ваквата најава доаѓа после победата на Висла во четвртфиналето од Лигата на Европа против Шафхаузен. Висла во првиот натпревар во Швајцарија славеше со 31:33 и дојде блиску до пласман на фајнл-фор турнирот во ова натпреварување.

Фајнл-фор турнирот во Лигата на Европа е закажан на 28.мај, дербито со Келце така би дошло на само неколку дена пред евентуалниот настап на Висла што секако не им одговара во припремите.

Сепак, прво Висла треба да ја одработи задачата во реваншот кој ќе се игра на 3. мај на нивни терен, а ако обезбеди пласман на фајнл-фор турнирот тогаш дефинитивно ќе има добар аргумент да бара уште едно одложување.

На „светата војна“ во Полска ќе „дебитира“ ВАР, повторно ќе судат странски судии!