На „светата војна“ во Полска ќе „дебитира“ ВАР, повторно ќе судат странски судии!

После буратa поврзана со датумот околу „светата војна“ помеѓу Висла Плоцк и Келце сега пристигнуваат и уште неколку информации за големото дерби.

Ова дерби ќе биде посебно затоа што за првпат во него ќе се користи ракометен ВАР систем во полската лига, пишува „СПОРТ ТВП“. ВАР системот во Полска се тестираше уште во 2017 година, но се уште не се воведе, а главната причина за одолговлекувањето беше цената.

Освен тоа во „светата војна“ по вторпат правдата на теренот ќе ја делат странски судии. Така беше во декември кога честа да бидат судии на ова дерби им припадна на Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Македонската судиска двојка добро си ја заврши работата на тој натпревар и оценките после натпреварот беа одлични.

Тогаш шефот на судиската организација на Полска, Мирослав Баум, не сакаше воведувањето на странски судии да го нарече „експеримент“ и веруваше дека тој суперлигашки натпревар ќе биде единствен со странски судии во полската Суперлига.

Конечниот датум сега за „светата војна“ која веројатно ќе го одлучи шампионот е на 24 мај, првично требаше да се одигра 10 дена порано. Одложувањето дојде по барање на Келце поради нивните натпревари во Лигата на шампионите против Монпелје.

Висла се жали на новиот датум за „светата војна“: Не е фер, ова е одлука во корист на еден тим