Брест се избори за четвртфинале во ЛШ, Виборг и Баја Маре до место на Ф4 во ЛЕ

На европските терени денес се играа натпревари од женската Лига на Шампиони, женската Лига и Европа и Европскиот куп во машка конкуренција.

Брест Бретањ во Лигата на шампионите запиша триумф против Оденсе од три гола разлика 29-26. Првата пресметка помеѓу овие две екипи заврши со победа на Оденсе, но тој еден гол разлика негатива денес во реваншот францускиот тим успеа да го надполни. Во четвртфиналето Брест Бретањ ќе го чека тешка задача со Ѓер.

Виборг го обезбеди пласманот на фајнл-фор турнирот во Лига Европа со нова победа против Сторхамар. После победата на гостински терен од 31:33, во денешниот натпревар на домашен терен данскиот претставник забележа минимална победа од 38:37.

Баја Маре на гости кај Сола одигра реми 29:29 и тоа ова реми на романскиот претставник му беше доволно за пласман на завршниот турнир во второто по ранг европско натпреварување поради победата од осум гола разлика во првиот натпревар во Романија од 40:32.

Лига на шампиони, четвртфинале:

ЧСМ Букурешт – Есбјерг
Брест Бретањ – Ѓер
Крим – Вајперс Кристијасанд

Лига на Европа, Ф4: Баја Маре, Икаст Хернинг, Виборг, Битигхајм

Европски Куп, финале: Гран Канарија, Малага

Мец е првиот патник на Ф4 во ЛШ, ФТЦ доживеа елиминација од Крим