Браќата Њокас едногласни: Кире Лазаров ни кажа само убави работи за Металург

Денеска на прес конференција беа промовирани двете нови засилувања на тимот од Автооманда, близнаците Кевин и Оливие Њокас.

Тие потпишаа договори на две сезони со Металург и ќе бидат првите француски интернационалци што заиграле во овој тим.

Оливие доаѓа од францускиот Нант, каде што игра со Кире Лазаров, додека Кевин е член на португалската Бенфика.

„Доаѓаме затоа што проектот на Металург е одличен, вистински предизвик. Кирил Лазаров имаше само убави совети и зборови за клубот и со нетрпение го очекуваме стартот. Три месеци преговори, сакавме заедно да играме во еден клуб по 16 години и планиравме повторно да играме некаде заедно, а тоа што Металург ни понуди таква можност беше мотив плус. Се надевам дека заедно ќе можеме да го пренесеме искуството“, се надополнуваат браќата Њокас во првата изјава по потписот за новиот клуб.

Претходно тимот од Автокоманда ги продолжи договорите со десното крило Златко Хорват и со тренерот Иван Марковски.