Боризовска продолжува со одличните партии во дресот на ПАОК!

Повремената репрезентативка на Македонија, Александра Боризовска продолжува со одличните настапи во шампионатот на Грција.

Екс ракометарката на Куманово заедно со екипата на ПАОК се израдуваа на нова победа во тамошниот шампионат, триумфираа убедливо против АЕК Атина со 38:27.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кое заврши со 18:13 во корист за екипата од Солун.

Боризовска повторно беше на висина на задачата, постигна четири погодоци во мрежата на домашниот тим и одигра одлично во одбраната.

Втората ракометарка од Македонија во редовите на ПАОК, Сања Дабевска не успеа да се запише во листата на стрелци.