Бобан Каковски замина од францускиот Сант, можен е камбек во Македонија

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Бобан Каковски, заминува од Франција по една сезона.

Тој беше дел од третолигашот Сант, каде што мина една сезона и имаше можност да се проба на интернационална сцена.

Меѓу опциите за продолжувањето на кариерата не е исклучен камбек во Македонија, иако постојат и странски опции.

Каковски беше дел од Еурофарм Работник, а во Македонија ги носеше дресовите и на Голден Арт, Металург и Радовиш.