Блесок на Митревски – го носи Порто кон осминафинале во ЛШ (ВИДЕО)

Никола Митревски продолжува да брани во врвна форма на голот на Порто. На гостувањето кај Фленсбург тој беше еден од најзаслужните што неговиот тим си замина непоразен и одигра 26:26.

Овој освоен бод за Порто е многу значаен во борбата за пласман во осмина-финалето и нокаут фазата.

Никола Митревски имаше вкупно 14 интервенции, голем дел од нив беа од чисти позиции за противникот, а исто така одбрани и во последниот напад на Фленсбург.

И врвните крилни играчи на германскиот претставник беа немоќни против македонскиот голман. Во следното видео може да погледнете неколку од прекрасните  одбрани на Митревски.