Блесок на Митков и Костески, Холабрун се бори за место во елитата

Тимот на Холабрун, каде што играат двајцата македонски интернационалци Влатко Митков и Никола Костески, е на добар пат да се пласира во елитната конкуренција во Австрија.

Холабрун беше пред победа на гостувањето кај Тирол, но на крајот извлече само реми и освои еден бод, 28-28.

Митков играше како во најдобрите денови и успеа да постигне десет погодоци, додека Костески беше втор стрелец со пет гола.

По пет одиграни кола, Холабрун има три победи, едно реми и еден пораз, па во следните пет меча ќе се обиде да се избори за место во најсилната лига во Австрија.