Бидасоа добива големо засилување – камбек на Рено Давид

Левиот бек од Франција, Лео Рено Давид, од романскиот Бузау се пресели во шпанскиот клуб, Бидасоа. Искусниот ракометар пред неколку сезони беше во комбинација за трансфер во Еурофарм Пелистер.

34-годишниот ракометар во Бидасоа ќе биде замена за левиот бек, Дан Емил Ракотеа, кој на почетокот на оваа сезона се пресели во екипата предводена од Чави Пасквал, Динамо Букурешт.

Рено Давид пред да направи трансфер во Романија три сезони го носеше дресот на Бидасоа. Со неговиот камбек, екипата на Бидасоа добива големо засилување на позицијата лев бек, но и во својата одбрана.

Моментално, Бидасоа се наоѓа на 5. позиција на табелата во Асобал лигата. Амбициите на клубот за новата сезона се подобар пласман од ланската, а со доаѓањето на Рено Давид, екипата има големи шанси и за обезбедување место на европска сцена.