Беше желба на Вардар, а сега е пред договор со Загреб

Рускиот репрезентативец Александар Шкурински, е пред договор со актуелниот хрватски шампион Загреб.

Според хрватските медиуми, преговорите на „плинарите“ со 27-годишниот лев бек се во напредна фаза и наскоро би можел да биде промовиран како нов член на Загреб.

Шкурински беше голема желба на Вардар во минатото, но до трансфер не дојде. Русинот потекнува од Краснодар, играше за Мешков Брест, пред да се пресели во Нант.

Во францускиот клуб не се изнаигра, најчесто поради повреди беше на пауза, а веројатно нема да го продолжи престојот таму.

Загреб го врати Борозан, ги потврди Матиц Сухолежник и Анте Грбавац, како и Куни Моралес, а наскоро се очекува промоција и на пивотот Миодград Чорсовиќ.