Бенфика ја пронајде замената за Кукиќ – пристигнува 21-годишен Шпанец

Андер Искердо, 21-годишниот Шпанец роден во Памплона како што стојат работите ќе биде ново засилување за Бенфика.

Португалските и шпанските медиуми објавија дека веќе е постигнат договор и само прашање на време е кога се ќе биде и потврдено. Искердо е висок 1.92 и важи за играч кој има одличен удар од надворешните позиции.

Во редовите на Бенфика тој ќе пристигне како замена за Лазар Кукиќ кој потпиша договор со Мешков Брест, сепак овој трансфер е неизвесен поради ситуацијата со војната. Во случај да не се реализира трансферот во Мешков како опција за Кукиќ се споменуваше Динамо Букурешт.

За тимот на Хелветиа Анаитасуна каде што настапува во овој момент Искердо има солиден просек од 5.17 голови по натпревар оваа сезона, додека претходната ја заврши со просек од 4.75.