Белорусија тргнува со 25 играчи, но без Баранов, Шумак, Пухоуски…

Селекторот на Белорусија, Јури Шевцов повика 25 ракометари за стартот на подготовките за Европското првенство, но на тренинзите ги нема ракометарите кои играат во првенствата каде што уште се играат натпрефвари.

Според тоа Јури Шевцов на почетокот на подготовките ќе ги нема на располагање Баранов, Шумак, Пухоуски, Подшивалов и Гарбуз.

Конкуренцијата  добра, а колу се добро подготвени ќе се види од 6 до 8 јануари на турнир во Унгарија каде што ќе бидат одмерени силите со домаќинот и со Бахреин.

СОСТАВ

ГОЛМАНИ: Вјачеслав Салдаценка, Иван Мацкевич, Илја Усик (Мешков Брест), Игор Черников (Диомидис, Грција),Егор Стасјук (СКА).

ЛЕВИ КРИЛА: Владислав Кривенко (СКА), Андреј Јуринок (Мешков Брест).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Кирил Самоило, Јулијан Гирик, Дмитриј Хмеликов (СКА), Владислав Кулеш (Келце, Полска).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Вадим Гајдученко (Ст. Рафаел, Франција), Арцем Кулак (Чеховски медведи), Игор Бељавски (СКА).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Матвеј Удовенја, Николај Алехин, Павел Дуда (СКА), Олег Астрашапкин (ЦСКА, Русија).

ДЕСНИ КРИЛА: Никита Вајлупов (Мешков Брест), Евгениј Никанович (СКА)

ПИВОТИ: Арцем Королек (Келцe, Полска), Вјачеслав Бохан (Мотор, Украина), Јури Лукјанчук (Кокс, Финска), Виктор Зајцев (Перм, Русија), Михаил Жила (СКА).